Метеж на аеродромот во Амстердам, откажани десетици летови


Холандската КЛМ соопшти дека денеска откажала десетици летови од и до аеродромот Шипхол во Амстердам, откако управата на аеродромот ги повика авиокомпаниите да го намалат бројот на патници и на тој начин да спречат метеж.

„Откажувањата треба да ги исполнат барањата на Шипхол, кој има недостиг на персонал“, велат од КЛМ. Тој аеродром е преполн неколку дена. КЛМ досега откажа 47 летови (повратен и во еден правец) за утре и недела, а 28 повратни летови за денеска.

Шипхол беше најпрометниот аеродром во Европа во 2019 година со повеќе од 70 милиони патници, но бројките паднаа во пандемијата. Откако Холандија ги отфрли повеќето ограничувања за пандемијата во средината на март, бројот на патници постојано се зголемува.
Минатата сабота, првиот ден од училишниот распуст за многу млади Холанѓани, кога се очекуваа врвови во сообраќајот, службите за прифаќање и испаќање на багаж започнаа штрајк протестирајќи поради недостигот на персонал и долгиот работен ден. Поради тоа имаше откажувања на летови и почетокот на училишниот распуст беше многу непријатен, соопшти КЛМ.

За да се избегне повторување на ваквите сценарија, управата на аеродромот ги повика авиокомпаниите да ги откажат летовите овој викенд. Превозниците реагираа, соопшти аеродромот, сакајќи да го намалат бројот на патници на 3.500.

Причини за гужвите се мајските празници и немањето кадар.