Метална врата на фудбалско игралиште паднала врз дете во Аеродром


 

Дете било повредено во Аеродром, кога на фудбалско игралиште врз него паднала метална врата.

Во средата, во 19 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж. (65) од Скопје пријавила дека претходниот ден, околу 20.30 часот на фудбалското игралиште на ул.„Бојмија“ на нејзиниот малолетен внук паднала метална врата.

Малолетникот бил пренесен на Детска хирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.