Мета бара преку дијалог итно решение за севкупната крза во која се наоѓа Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета и словачкиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Мирослав Лајчак на денешната средба покрај дргото разговарале и околу актуелната политичка ситуација во Албанија.

-Претседателот Мета ја нагласи потребата од итно решавање,преку дјалог, на длабоката уставна, институционална и политичка криза во која се наоѓа земјата,стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

Албанија се очекува да го преземе претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во јуни следната година, што за шефот на албанската држава е голема одговорност која бара многу сериозна заложба за сопствениот имиџ на земјата.

-Неопходно е за време на претседавањето со ОБСЕ, Албанија да ги одразува вистинските вредности на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на основните слободи, достоинствено претставувајќи ја организацијата, рече претседателот Мета.

Тој високо го оценил вниманието што го посветува Словачка за регионот на Западен Балкан и поддршката на кандидатурата на Албанија да биде претседавач на Организацијата во текот на 2020 година.

Пртеходно Лајчак на заедничката прес конференција со неговиот албански колега Гент Цакај упати апел за избегнување насилство на протестите што ги организира обединетата албанска опозиција,додавајќи дека „насилството за време на протестите што ги оранизира опозицијата станало здодевно“

Тој посочи дека продолжувањето на насилни протести ќе им наштети на напорите на Албанија за реформи и несомнено ќе го попречи остварувањето на домашните и меѓународните приоритети. Во однос на бојкотот на локалните избори,од страна на опозицијата, тој со оценка дека бојкот на изборите не е решение.