Мет Гала 2021 ќе има, ама во септември, со нов домаќин (галерија)


САД– Најчесто нарекувана „најголемата вечер на модата“,  годишната изложба на музејот „Метрополитен“ препознатлива како Мет Гала, во последната деценија , стана голем настан на црвениот килим, благодарение на нејзиниот список на славни гости на А-листата и драматичните, понекогаш надмоќни модни моменти (кој би можел да го заборави иконскиот фустан на Пепелашка на Клер Дејн од 2016 година?)

Добротворниот гала настан на Институтот за костуми на Музејот на уметноста во Метрополитен, како и многу други настани, беше откажана минатата година поради  пандемијата со Ковид-19 и со оглед на тоа што традиционалниот датум на настанот- првиот понеделник во мај брзо се приближува, се појавија шпекулации дали настанот ќе ја претрпи истата судбина како и лани. Па, има добри вести за љубителите на модата и за славните , бидејќи се чини дека Мет Гала е повторно ќе ја има оваа година – иако по малку изменет распоред.

Според Page Six, Мет Гала ќе биде одложена од вообичаениот датум, за 13 септември (првиот понеделник во месецот е Ден на трудот), во надеж дека вакцинацијата и превентивни мерки ќе ни помогнат сите да се вратиме во нормала дотогаш.

Засега, не се објавени дополнителни информации за тоа што ќе биде темата на свечената свеченост или кој ќе биде домаќин иако Page Six јавува дека тоа може да биде поетесата Аманда Горман (која се катапултираше до модна ѕвезда по нејзиниот настап на инаугурацијата на Бајден во 2021 година) или претседателот на Советот на модни дизајнери Том Форд. Ана Винтур, родена Британка, која три децении го уредува американскиот „Вог“ и е глобален уредник на изданијата на „Конде Наст“ останува како главен домаќин.

Во продолжение е галеријата од модните изгледи кои предизвикаа најмногу внимание  на Мет Гала во 2019.

Ким Кардашијан и Кање Вест
Џенифер Лопез
Лизо
Зендаја
Рами Малек
Џаред Лето
Јара Шахиди
Били Портер
Емили Ратајковски
Мајкл Урие