Месиќ, Тупурковски и Богиќевиќ подготвуваат документ за поделбата на БиХ
Тројца членови од последното Претседателство на СФРЈ работат на изработка на документот што сведочи за договорот меѓу Слободан Милошевиќ. и Фрањо Туѓман за поделба на Босна и Херцеговина
Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска и член на последното Претседателството на СФРЈ, изјави дека со Богиќ Богиќевиќ и Васил Тупурковски работи на изработка на документ кој ќе биде испратен на одредени адреси во БиХ, што сведочи за договорот меѓу Слободан Милошевиќ. и Фрањо Туѓман за поделба на Босна и Херцеговина. Месиќ тоа го изјави во разговор за телевизијата Н1.
Хрватска требаше да ги добие границите од бановината од 1939 година, плус Цазин, Кладуша и Бихаќ, наведе тој.
„Сега разбирате зошто Краина беше прогласена за автономен регион, сѐ беше во игра“, рече Месиќ, додавајќи дека тоа е документ кој зборува за актуелната ситуација во Босна и Херцеговина.
Зборувајќи за проблемот со изборите во БиХ, Месиќ рече дека се проблематизира членот на Претседателството на БиХ од редовите на хрватскиот народ, а никој не праша каде се Хрватите или Бошњаците кои треба да гласаат во Република Српска.
Богиќ Богиќевиќ и Васил Тупуковски, меѓу другите, беа членови на последното Претседателство на СФРЈ, со кое претседаваше Месиќ од јуни 1991 година, а практично престана да постои истата година по отцепувањето на Словенија и Хрватска.
„Ја завршив задачата, Југославија повеќе ја нема“, рече Месиќ по неговото враќање во Хрватска во декември 1991 година.
Во март истата година, тогашните претседатели на Хрватска и Србија, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ, се сретнаа во Караѓорѓево и наводно се договориле за поделба на Босна и Херцеговина. Официјален документ за тој договор не постоил. Или не е објавен доколку постои.