Меси со рекорден 39. гол за Аргентина на официјален натпревар


Репрезентацијата на Аргентина синоќа одигра 1:1  против Чиле во 1. коло од групната фаза на фудбалскиот Куп на Америка. Резултатот го отвори аргентинскиот капитен Лионел Меси во 33. минута, кој погоди со директен удар од слободен удар.

Ова е 73. гол на 33-годишниот напаѓач за репрезентацијата, на својот 145. натпревар.

Воедно, Меси го постигна 39. гол за „гаучосите“ на еден официјален натпревар. Тој стана рекордер во земјата, надминувајќи го достигнувањето на Габриел Батистута.