Меси освоил најмногу поени со своите голови, најдобар е и како резерва


Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси синоќа влезе како резерва и го постигна победоносниот гол за успехот со 1:0 над Леванте, со кој неговиот тим ја обезбеди титулата во Шпанија.

На овој начин тој се етаблира како број 1 на уште два начина.

Со своите погодоци, Аргентинецот освоил најмногу поени во оваа сезона од сите играчи во Ла Лига. Неговите 34 голови и обезбедија на Барса 17 од 83 поени на тимот. Исто така, тој се запиша 24 пати како резерва во натпревари од локалната елита – повеќе од било кој друг во 21 век.

По крајот на натпреварот, Меси ја освои својата прва титула во земјата со капитенската лента на Каталонците.