Меси одлучил каде ќе игра во следните пет години


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња се согласил на намалување на платата за 50 отсто

Угледниот каталонски Спорт објави на целата насловна страна – Лео Меси и Барселона се договорија за нов договор на пет години. Иако последните недели се зборуваше дека тој би можел да се пресели во американската МЛС, се чини дека двете страни конечно се согласија и потврдија дека еден од најдобрите на сите времиња кариерата ќе ја заврши во Барселона.
Меси верува дека има доволно мотивација да продолжи да го носи дресот на Барселона на највисоко ниво уште најмалку половина деценија, а луѓето од клубот се согласуваат со таа проценка. 
Десетката на Барселона во новиот договор се согласил на помали приходи за дури половина со откупна клаузула од 350.000.000 евра. Меси бил свесен за финансиската состојба во која се наоѓа клубот и смета дека мора да биде пример за другите играчи, но каталонските медиуми тврдат дека парите никогаш не биле проблем во преговорите.


Проблемот биле даноците, многу чувствителна тема за обете страни затоа што тие не сакаат да направат погрешен чекор во плаќањето на државните давачки.
Каталонскиот весник додава дека засега џентлменскиот договор не може да се смета за конечен, но преговорите се многу напреднати и ќе треба да се случи чудо за да не успеат. Сега сè зависи од адвокатите и советниците на играчот на Барселона, тие сè уште треба да ги исполираат деталите на договорот и да ги затворат последните поглавја. Затоа, официјално соопштение се очекува на крајот на јули.