Меси никогаш не дал гол во јули


Капитенот на Барселона, Лионел Меси има можност за прв пат да постигне гол во јули, забележува „Диарио Спорт“.

Аргентинецот се запишал во листата на стрелците во секој друг месец во годината. Вечерва Каталонците се домаќини на Осасуна на дуел од претпоследното коло на Ла Лига. Досега Лео пропушти да реализира трипати во јули годинава – во натпреварите против Виљареал, Еспањол и Ваљадолид.

Најомилен месец на Ла Пулга е јануари. Тој има 87 голови во првиот месец од годината. Интересно е што Лео има 86 голови во најмалиот месец во годината – февруари. Истото важи и во март, кога беа постигнати голови на најмал број на натпревари – 86 гола на 72 натпревари.

Вечерва Меси може да го постигне својот гол број 701 во професионалната кариера.