Меси не ги признава одлуките на Ла Лига и Барселона


 

Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, смета дека е слободен да излезе од договорот со барселона.

Само еден ден по одлуката на шпанската Ла Лига дека Меси може да излезе од Барселона само до 700 милиони евра, колку што изнесува излезната клаузула, Аргентинецот повлече потег.

Шпанските медиуми наведуваат дека Меси го пропушти и денешниот тренинг како и вчерашната прозивка.

Аргентинецот смета дека завршил со каталонскиот клуб, чиј член е речиси две децении, и нема намера да се врати на обврските кон Барселона.

Дури и по цена на големата казна која го очекува. Односно, за тоа што вчера не се појави на тестирањето за корона вирус, тој треба да плати повеќе од половина милион евра.

ДОтолку повеќе до ова ги подгреа гласините дека договорил премин во Манчестер сити.