Меси: Наскоро ќе се повлечам од репрезентацијата


 Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси изјави наскоро ќе ја заврши репрезентативната кариера.

– Откако се е постигнато, останува само да уживаме. Бог ќе каже кога ќе дојде тој момент. Логично, поради мојата возраст, сигурен сум дека ќе биде наскоро. Но, не знам точно кога ќе биде вистинското време. Сега размислувам за секојдневието, уживајќи во се убаво. Моравме да поминеме низ многу тешки времиња во репрезентацијата. Имавме среќа да станеме светски шампиони и шампиони на Купот на Америка. Време е за уживање. Кога постојано се натпреварувате, кога секогаш имате цели пред вас, не го цените она што навистина го заслужувате, она што сте го постигнале. Се наоѓам во момент од кариерата кога сакам се што ми се случува и многу повеќе ценам се, бидејќи знам дека ова се последни години. Но, мислам дека кога ќе заминам и нема повеќе да играм, ќе почнам да го ценам сето ова многу повеќе, изјави Меси за „Goal“.

Триесет и шестгодишниот Аргентинец за националниот тим настапува од 2005 година. На негово конто се 103 гола на 175 натпревари во националниот тим.

Меси неодамна направи трансфер од ПСЖ во Интер Мајами.