Меси ја отвори душата: Уморен сум од улогата на дежурен виновник во Барселона!

 

Аргентинскиот фудбален Линел Меси вели дека е уморен од тоа да биде дежурен виновник за сите лоши работи што ќе се случат во Барселона, а таа изјава ја даде веднаш по враќањето од Јужна Америка каде играше за својата репрезентација.

Меси последните денови повторно се најде во центарот на вниманието на шпранската јавност, а посебно по изјавата дека тој е виновен што Антоан Гризман не се снашол во овој клуб и дека тој има многу влијание во овој клуб поради што на сила е своевиден „терор“ кон останатите играчи.

„Искрено, уморен сум од тоа во Барселона секогаш да бидам дежурен виновник“, рече Меси веднаш по враќањето во Шпанија.

Него дополнително фо разочара што по 15 часовен лет од Перу на царина фо дочекале даночни инспектори, велејќи дека тоа е потполно лудило.

За потсетување, Меси во летниот преоден рок беше на чекор од заминување од Барселона, а сопрен е во тоа затоа што не сакаше да го тужи клубот и на тој начин да добие дозвола да замине во друг тим бесплатно.

Сепак, на крајот одлучи да остане во Барселона.