Меси им дал гол на сите англиски тимови со кои играл во Лигата на шампионите


Шпанија – Капитенот на Барселона, Лионел Меси, беше двоен стрелец вои синоќешниот триумф над Ливерпул (3:0) во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Аргентинецот постигнал гол на сите натпревари кога за противници во елитното натпреварување имал екипи од Англија.

Досега Меси постигнал 26 голови на 33 натпревари со англиски екипи.

Синоќа Меси за првпат постигна гол против Ливерпул. Против Арсенал има дадено девет гола, шест пати ја затресол мрежата на Манчестер сити, четири на Манчестер јунајтед, три пати го совладал голманот на Челзи и два пати на Тотенхем.