Меси емотивно ѝ честиташе на Барселона за освојувањето на 29-тата титула шампион на Шпанија
Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лео Меси, можеби е илјадници километри оддалечен од Барселона, но неговото срце е сè уште во тој клуб.
Имено, веднаш по завршувањето на натпреварот против Реал, Меси објави на Инстаграм шампионска фотографија од играчите на Барса со тренерот Ханси Флик и им ја честиташе титулата.
„Campeones!!! Visca el Barca!!“, додаде Меси.
На најслаткиот начин, три кола пред крајот, Барселона официјално ја освои титулата со победата во Ел Класико против Реал Мадрид, а на крајот беше 2:0.
Головите за Барса ги постигнаа Маркус Рашфорд и Феран Торес.
Ве потсетуваме дека Меси помина две децении во Барселона, сруши бројни рекорди, освои многу трофеи, и индивидуално и како тим, и на крајот стана најголемата легенда на клубот во историјата.