Меси е број 1 меѓу напаѓачите


Големата sвезда на Барселона, Лионел Меси ја заслужи наградата на УЕФА за Најдобар напаѓач минатата сезона.

Аргентинецот постигна 12 гола и направи пет асистенции во минатата кампања во Лигата на шампионите.

– Се обидувам постојано да го подигам своето ниво. Тоа е мојата цел, рече Лионел Меси, кој е и меѓу трите номинирани за Играч на сезоната.