Меркел со песимистичка изјава: Шансите за датум не се добри


Денешната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот пред да отпатува во Брисел е песимистичка. Според неа не се добри шансите за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија.

,,Ние се залагаме за преговори, и покрај транспарентниот и подобар процес кој се бара, но верувам дека Албанија и Северна Македонија се вредни да имаат европска перспектива. Ќе ја поставиме оваа дебата во Европскиот совет, ќе ги уверуваме и оние кои не се уверени, но морам да кажам дека шансите за постигнување согласност не се добри”, рече Ангела Меркел, канцелар на Германија.