Меркел се тестирала на коронавирусот, ги чека резултатите


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се тестирала на новиот коронавирус и сега ги чека резултатите, изјави владиниот портарол Штефан Зајбер, јави ДПА.

-Канцеларката се чуствува добро, изјави тој.

-Сега ние ги чекаме резултатите и потоа ќе видиме што ќе следи“, изјави Зајбер,кој не знаеше кога резултатите ќе бидат готови.

Медиумите синоќа јавија дека Меркел е во самоизолација откако дознала дека имала контакт со лице кое било заразено со коронавирусот. Наводно, станувало збор за владиниот лекар