Меркел: Пандемијата и понатаму ќе предизвикува вонредни ситуации


 

Германската канцеларка Ангела Меркел во саботата предупреди на влошување на хуманитарната состојба во светот наведувајќи дека пандемијата од корона вирус и глобалното затоплување веројатно ќе предизвикуваат понатамошни вонредни ситуации.

„МОра да претпоаставиме дека пандемијата и климатските промени ќе ги изменат околностите за многу луѓе пирум светот. Како земја, важно е брзо дамобилизираме хуманитарна помош“, изјави Меркел.

Како пример Меркел ги наведе операцијата Бундесвер и работата на сојузната агенција за техничка помош во Либан по експлозијата во пристаништето во Бејрут во која загинаа близу 200 луше, а повредени беа најмалку 6.000.

„Експлозијата покажа дека кризата може стравично брзо да се развие“, рече Меркел.

Осврнувајќи се на Светскит ден на хуманитарна помош 19 август, Меркел ја нагласи важноста на заштитата на работниците кои пружаат помош.

„За жал многупати видовме дека тие се мета на напади и дека се спрелени да ја извршат својата важна работа. Треба да им се пружи заштитата која им припаѓа по меѓународното право. Луѓето во земјите во кои државата е слаба или каде има воен судир, често се без заштита когаќе ги погоди криза. Тоа е причина поради која често се потребни политички решенија затоа што хуманитарната помош може само краткорочно да помогне“, рече Меркел.