Меркел од Загреб за скандалот во Австрија: Постојат струи што сакаат да нѐ уништат

Германската канцеларка Ангела Меркел престојува во Загреб за да присуствува на централниот предизборен собир на ХДЗ пред изборите за Европскиот парламент.

На прашање како ја коментира кризата на австриската влада и на групата десничарски популисти во Милано, Меркел одговори дека не може да зборува пред да се огласи австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„ЕУ е унија на земји кои се согласија да соработуваат. Секако, имаме и струи што ги презираат нашите вредности и сакаат да ја уништат нашата заедница. Ние ќе дејствуваме решително во овој поглед. Ќе почекаме да видиме што ќе се случи“, рече таа.