Меркел негативна на корона вирус и на вториот тест
Германската канцеларка Ангела Меркел и втор пак се покажа дека е негативна на кроноа вирусот, соопштија од нејзиниот кабинет.
Таа од неделата вечерта е во самоизолација затоа што била во контакт со доктор, кој е позитивно тестиран на корона вирус.
Лекарот пред да знае дека е заразан со висруот, на Меркел ѝ ставил вакцина за пнеумокока.
Првиот тест на канцеларката во понеделникот беше негативен.
Таа е добро и од дома телефонски разговара со претставниците на меѓународната заедница, рече портпаролот Штефан Зајбер.
Канцеларката повторно ќе биде подложена на низа тестови, а јавноста ќе биде известена за тоа, потврди тој.