Меркел: Мора да ги намалиме контактите

Епидемиолошката состојба во Германија сè уште е многу сериозна, иако бројот на новозаразени со коронавирусот не расте премногу брзо, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел, откако на вчерашната средба со лидерите на сојузните држави одлуката за воведување нови мерки беше одложена за 25 ноември.

– Бројот на новозаразени повеќе не расте експоненцијално, но сепак е голем. Затоа мора да ги намалиме контактите, да ги намалиме контактите, да ги намалиме контактите, рече Меркел на економски настан организиран од „Зидојче цајтунг“.

Таа повтори дека 30 до 40 проценти од населението припаѓа на ранливи групи.