Меркел и Макрон на вечера (фото)


Тој ѝ беше прв гостин со кого се сретна лично – германската канцеларка Ангела Меркел во дворецот Мезеберг вчеравечер го прими францускиот претседател Емануел Макрон

 

Високиот гостин од Париз е првиот странски државник на гости кај канцеларката по пауза од цели три и пол месеци. Поради пандемијата на коронавирусот канцеларката досега имаше само видео-конференции и водеше телефонски разговори. Сега, иако немаше ракување, туку само благ наклон за поздрав на пропишана дистанца, двајцата државници сепак вечераа заедно и тоа како што е редот – на отворено, за да е побезбедно. А, на масата, освен храна и пијалоци, имаше и многу важни европски и светски теми. (Дојче Веле)