Меркел и Борисов вклучени во скандал со маски, тврди „Шпигел“
„Ангела Меркел и измамата од Бугарија“, ја озаглавува истражувачката сторија „Шпигел“. Канцеларката Меркел итно сакаше да набави маски во март 2020 година и заштитни скафандери од Бугарија. Бундесверот тоа го претставил како клучна потреба. Сцени на политичка фарса што речиси го загрози човечкиот живот, пишува германскиот магазин
Германската армија нарачала заштитна облека со лош квалитет од Бугарија за стотици илјади евра, а за тоа, наводно, канцеларката Ангела Меркел лично разговарала со тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов.
Ова го тврди магазинот „Шпигел“ во новинарската истрага, во која се наведува како бугарската компанија „Венера стил“ од Хасково добила понуда за вакви производи, иако дотогаш правела само обична облека. Сепак, на почетокот на пандемијата, „Венера“ понудила да испорача двослојни маски – 85% памук, 15% еластин – во Германија во пролетта 2020 година.
Оваа нова афера доаѓа неколку месеци по неколкуте слични скандали во Германија за набавка на маски поврзани со корупција на почетокот на пандемијата, што резултираше со оставки на неколкумина пратеници од демохристијанската коалиција.
Ова се случувало во времето кога на Бугарија (како и на сите земји во светот) ѝ беа потребни заштитни маски против короната, исто колку и на Германија, па дури воведе и забрана за извоз.
„Тогаш, зошто Бугарија испраќа маски во Германија?“, прашува „Шпигел“. Магазинот тврди дека оваа зделка имала највисоко ниво на поддршка – канцеларката Ангела Меркел, министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и други, како што е шефот на Службата за набавки на вооружените сили.
Бундесверот прави брзи нарачки, иако стоките се сомнителни, како и нивниот квалитет. Во писмата до кои стигнал „Шпигел“ во неколку наврати се споменуваат политички причини.
Зделките меѓу Меркел и Борисов, „пријател на Западот“, како што се наведува, доаѓаат од Бугарија, каде од секогаш имало гласини дека тој не е „чист“ како политичар, пишува „Шпигел“. „Не е познато дали зделката е политичка фарса или афера“, но извесно е дека Меркел и Борисов првпат разговарале на оваа тема на 27 март 2020 година. Кабинетот на Меркел го потврдува ова. Ден претходно, лидерите на ЕУ разговараа преку видео врска за можноста за обезбедување заштитна облека во блокот, а Борисов понуди учество.
„Шпигел“ наведува дека се познати врските на Меркел со Софија и со Борисов, за кого тврди дека е поранешен пожарникар, телохранител и шеф на компанија за безбедност и „не толку примерен државник“, кој е обвинет од опозицијата за прикривање на корумпиран систем во кој олигарсите се на власт.
По разговорот, канцеларијата го вклучи и Министерството за одбрана. Подготвени се технички документи, за кои шефот на кабинетот на Крамп-Каренбауер разговара со шефот на армиската служба за набавки, а помошникот министер замина во Софија на 31 март за да земе примероци од скафандерот и маски од кабинетот на Борисов.
По разговорот, канцеларијата го вклучи и Министерството за одбрана. Подготвени се технички документи, за кои шефот на кабинетот на Крамп-Каренбауер разговара со шефот на армиската служба за набавки, а помошникот-министер замина во Софија на 31 март за да земе примероци од скафандери и маски од кабинетот на Борисов.
Тука „Шпигел“ го свртува вниманието кон насоката на командите „од горе“. Канцеларијата и министерството дури и не коментираат колку чинел летот или зошто ова прашање било толку „политички важно“. Магазинот пишува дека луѓето што се запознати со случајот велат дека такво нешто никогаш порано не се случило.
Според „Шпигел“, била издадена задача тестирањето на материјалот да се направи веднаш, во рок од 24 часа. „Дали проверката на квалитетот во Германија е само фарса“, прашува „Шпигел“). Производството од Бугарија немало никакви идентификациски знаци или сертификати за квалитет.
Примероците покажуваат дека производите се со слаб квалитет; заклучокот е дури дека корисникот на маските не е заштитен. Исто е и со костумите што можат да се мијат само на температура од 30 до 40 скафандерите, што не е доволно за да се отстранат вирусите, и затоа може да се користи само еднаш. Сепак, службата за набавки беше активирана и процесот беше прогласен за „високо политички“. Се поставува барање за склучување на најголем можен договор со бугарски компании за задоволување на потребите на армијата.
Комуникацијата на оваа тема потоа престанала, а подоцна се појави проблем во мај – Бундесверот потпиша договор со групацијата „Рајнметал“ за доволно скафандари за следните 12 месеци и всушност нема потреба од нарачки од Бугарија. Дипломатската одлука е да ѝ се дадат на Бугарија два мали договори за 5.000 скафандери и 1.500 визири за 156.000 евра за помош на бугарското производство (иако во пракса тие не се потребни во Бундесверот).
Официјалниот став е дека состојбата на пазарот била неизвесна и може да има одложувања; се чини дека недостатокот на сертификати и можноста за набавка на поквалитетна стока за резерва не претставувало проблем.
„Но, зошто бугарските договори се толку важни во Берлин? Кабинетот на канцеларката молчи; разговорите со меѓународните партнери се доверливи“, пишува „Шпигел“.
Се претпоставува дека Борисов едноставно сакал да ја поддржи својата економија, но избраниот пат е „прилично чуден“. „Или можеби, како што информираше неговата влада за „Шпигел“, тој сакал да им помогне на своите германски пријатели и тоа би било благородно? Познавач на бугарската политика повеќе ја развива теоријата поврзана со односите на ГЕРБ во локалните структури и компании и системот во кој компаниите добиваат договори и за возврат враќаат дел од парите.