Меркел и Борисов разговарале за поддршката за Западен Балкан на патот кон ЕУ

Меркел му покажува на Борисов дека ја ставил маската наопаку

Со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, ги поддржуваме земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ. Бугарија ќе продолжи да работи активно во тој правец и за време на заедничкото претседателство со Република Северна Македонија на Берлинскиот процес.

Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот официјален Фејсбук профил за време на денешниот самит на ЕУ во Брисел.

Борисов не пишува што точно разговарале со Меркел и дали една од темите била непопустливата позиција на Бугарија и барањата поставени во Објаснувачкиот меморандум на патот на Македонија кон официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.