Мерил Стрип прв пат на Мет гала 2020: Времето и модата за 150-годишнината


САД- Најпочитувата актерка во Холивуд, Мерил Стрип, за прв пат ќе прошета на црвениот килим на „Мет гала“ во Њујорк, најпрестижен по оскаровскиот. Заедно со актерите Ема Стоун и Лин Мануел Миранда ќе бидат ко-домаќини на Ана Винтур на 4 мај, идната година.

Ема Стоун лани на Мет гала

Темата на изложбата  е „За времето: Мода и времетраење“, што треба да се отвори на 7 мај, а ќе има 160 парчиња женска мода од последните 150 години и пошироко, открива „Њујорк тајмс“. Изложбата, годинава поддржана од модната куќа „Луј Витон“ ќе ја одбележи 150-годишнината од Мет и ќе биде делумно инспирирано од Вирџинија Вулф и теориите на францускиот филозоф од почетокот на 20 век, Анри Бергсон.

Кураторот, Ендрју Болтон се надева дека ќе привлече уште поголемо внимание во музејот „Метрополитен“ , истражувајќи го концептот за времето и начинот на кој облеките од минатото и сегашноста влијаат едни на други.

„Сакав да направам изложба фокусирана на колекцијата, но не и традиционална изложба на маестрални дела“, објасни Болтон за темата. „Нешто што се поврзува со реалноста и што сега луѓето зборуваат“.