„Мерцедес“ ги исфрла бензинските и дизел-моторите


 

Германски „Мерцедес“ предвидува дека половина од неговата продажба на автомобили до 2030 година ќе бидат хибридни возила, а целта е сите европски фабрики да бидат јаглерод-диоксид неутрални до 2022 година.

Компанијата од Штудгарт најави серија нови цели за ограничување на CO2 кои планира да ги достигне во наредните 20 години, што ќе доведе до тоа сите патнички возила на компанијата да бидат еколошки неутрални до 2039 година.

Тоа значи дека во следните две децении „Мерцедес“ потполно ќе ги исфрли бензинските и дизел-моторите со внатрешно согорување од своите автомобили.

Ола Калениус, кој ќе го наследи Дитер Цече на местото на извршен директор на „Дајмлер“, како прв директор на којмпанијата кој не е Германец, истакна дека „Мерцедес“ со електрификација на своите возила ќе ги трансформира и производните погони ио ќе изврши притисок на своите добавувачи исто така да ги намалат емисиите на CO2.

„Дајмлер“ не е прв германски гигант кој најави цел за намалување на емисиите на CO2, слични планови има и групацијата „Волксваген“ чија цел е демата флота свои брендови да ја направи јаглерод-диоксид неутрална до 2050 година.