Мерц вети дека ќе ја спаси Европа од Трамп
Администрацијата на Трамп е рамнофушна кон судбината на Европа и ние мора да станеме независни, рече Мерц вечерва по изборите

Фридрих Мерц не чекаше долго за да се осврне на најголемата криза со која се соочува европската политика во последните децении: американскиот претседател Доналд Трамп. И неговите коментари беа зачудувачки. Тие ги кажа на традиоционалната телевизиска дебата што се одржува вечерта по изборите на јавниот дифузер АРД.
„Мој апсолутен приоритет ќе биде да ја зајакнам Европа што е можно побрзо за да можеме, чекор по чекор, навистина да постигнеме независност од САД“, рече водечкиот кандидат на ЦДУ/ЦСУ. „Никогаш не мислев дека ќе треба да кажам нешто вакво на телевизиска програма. Но, по изјавите на Доналд Трамп минатата недела, јасно е дека Американците, барем овој дел од Американците, оваа администрација, во голема мера се рамнодушни кон судбината на Европа“.
Тој не застана тука. Подоцна оваа година ќе се одржи самит на НАТО – но Мерц сугерираше дека на Европа можеби ѝ треба нова одбранбена структура за да ја замени.
„Многу сум љубопитен да видам како одиме кон самитот на НАТО на крајот на јуни“, рече тој. „Дали сè уште ќе зборуваме за НАТО во неговата сегашна форма или дали ќе треба многу побрзо да воспоставиме независна европска одбранбена способност“.
Ова се извонредни изјави од веројатниот следен лидер на најголемата европска економија и се најдалеку што некој лидер (или наскоро ќе биде лидер) ги дал како одговор на 10-дневниот напад на американскиот претседател против владите на Европа и Украина.
Во петокот, Мерц предложи дека е време да се истражува нуклеарната соработка меѓу Франција, Обединетото Кралство и Германија (и други) за да се замени американскиот нуклеарен чадор што ја гарантира европската безбедност од 1945 година.
Денес, тој покажа дека неговите шпекулации биле сè само неофицијални.
Мерц остро ги критикуваше и технолошкиот милијардер Илон Маск, претседателот Трамп и претставниците на администрацијата на Трамп за вмешаност во германските избори.
„Само погледнете ги последните недели и денови што зборува одреден човек по име Илон Маск“, рече конзервативниот лидер.
Тој силно ја критикуваше вмешаноста на Маск во германските избори, алудирајќи на неговата гласна поддршка за АфД.
Зборувајќи за Трамп и неговата нова администрација, Мерц рече дека „интервенциите од Вашингтон не беа помалку драматични или помалку срамота од она што доаѓаше од Москва“.