МЕПСО ќе оди под капата на Министерството за енергетика
Не може под исто министерство да биде производството на струја и дистрибуцијата, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во интервју за Радио Слободна Европа.
Таа вели дека зимава се најмногу фокусирани на обезбедување на електрична енергија за граѓаните. Владата и министерството краткорочни и долгорочни стратегии. Краткорочните се фокусирани на РЕК „Битола“ и снабдување на јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети. Во долгорочните спаѓа правање на нови капацитети.
Бидејќи во изменатите години има голема експанзија на изградба на фотоволтаични централи од 9,500 мегавати тоа е три пати повеќе од оно што мрежата може да го поднесе. Редот во оваа сфера ќе се регулира со новиот закон за енергетика. „Се работи на изработка на мастер грид на нашата мрежа, ќе има над 1.000 мегавати до крајот на годината обновливи извори“.
Божиновска вели дека ситуацијата во РЕК „Битола“ е катастрофална. „Не е водено грижа ниту за блоковите, не е направен никаков ремонт, неквалитетниот јаглен има доведено до многу оштетувања. Во оваа година ќе се работи на зајакнување и нормализирање на блоковите и ќе има сериозен ремонт од 1 април.
Таа нагласува дека со новиот закон за енергетика МЕПСО ќе дојде под капата на Министерството, што мислам дека е природно и нормално, а ЕСМ ќе остане под Владата, „бидејќи не може да се под исто министерство и производство и дистрибуција. Тоа е согласно европските регулативи“.