Мендух Тачи: Три големи мерки за справување со Ковид-19 по изборите


Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вечерва оствари средби со граѓани во повеќе населени места во општина Брвеница. Тој порача дека е важно да се спроведат три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите.

-Мерки за справување со Ковид-19 се потребни во клиничката болница во Тетово која мора да добие барем 1 милион евра за да функционира како универзитетска клиничка болница и да го штити здравјето на Албанците. Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош за надминување на последиците од кризата. И трето, да се помогне секој од таксист и келнер, до големите бизнис, со помалку процедури, изјави Мендух Тачи во Челопек.

Тој истакна дека лесно е да се избере ДПА на изборите.

-Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност, истакна Тачи.

Пред присутните зборуваа и останатите кандидати за пратеници од општина Брвеница.