Мемоарите на Барак Обама се најпродавани меѓу претседателите, за 24 часа продадени 900 илјади примероци од „A Promised Land”

САД– „A Promised Land” на Барака Обама продаде скоро 890.000 примероци за 24 часа, оставајќи ги инди-книжарите да се справат со нарачките.

Мемоарите на 768 страници, со продажбата на првиот ден во САД и Канада по цена од 45 долари, постави нов рекорд за книга од поранешен претседател, според соопштението за печатот од престижниот издавач Penguin Random House. За споредба, мемоарите на „Decision Points “ на Џорџ В. Буш се продадоа во тираж од околу 220.000, додека „My Life “ на Бил Клинтон – 400.000 примероци, според Асошиејтед Прес.

Се  очекува многу купувачи мемоарите на Обама да ги подарат за Божиќ, што значи дека лансирањето е еден вид неофицијален почеток на сезоната на празници за купување.

Во првиот том од мемоарите „Ветена земја“ Обама се осврнува и на владеењето на Трамп во текот на изминативе  четири години.

„Можеби она што најмногу загрижува е дека нашата демократија се чини дека е на работ на криза. Тоа е криза закотвена во конфликтот меѓу две визии – за тоа што е Америка и каква треба да биде”, посочува Обама.

Поранешниот претседател на САД ја поздрави победата на Џозеф Бајден, но предупреди дека не треба да се има „ангелска визија“ за периодот после Трамп.

„Знам дека изборите нема да го решат проблемот. Нашите поделби се длабоки, предизвиците се огромни”, рече Обама, но сепак изрази надеж за добра иднина со „напорна работа, одлучност и добра доза на имагинација”.

Обама се осврна и на процесот на пишување книгата – од пенкало до компјутер – за тешкотијата да се биде точен во пишувањето.

Како анегдота, тој посочи дека за време на неговите осум години поминати во Белата куќа, тој често барал тивко место на крајот на денот за да ја ипуши „вечерната цигара“ во мир.

Пушењето и подоцнежното откажување на Обама беше една од темите за време на неговото претседателствување.

Мемоарите на неговата сопруга Мишел Обама “Becoming” првите 24 часа во САД продаде 725 илјади примероци, а во 2018 година беше бестселер со над 10 милиони продадени копии ширум светот.