Мелони поднесе барање за заштита на нејзиниот глас
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони поднесе барање до Канцеларијата на ЕУ за интелектуала сопственост за впишување на нејзиниот глас како регистриран заштитен знак (Trademark).
Таа барањето го поднесе откако се појави аудиоснимка од четири секунди на која Мелони повторува: „Io sono Giorgia Meloni“ (Јас сум Џорџа Мелони).
Зборовите од снимките потсетуваат на нејзината позната изјава на политичкиот собир во 2019 година – Јас сум Џорџа, јас сум жена, јас сум мајка, јас сум Италијанка, јас сум христијанка!
Изминатите години на интернет се појавија манипулирани фотографии на Мелони, некои беа претставени како автентични, а исто така и лажна слика на која беше претставена италијанската премиерка во долна облека.
– Јас можам да се одбранам, но многу други не можат, изјави Мелони во мај кога на интернет се појавија нејзини лажни фотографии.
Таа од 2024 година се суди со еден човек кој направи и објави порнографски лажни слики со нејзиниот лик.
Ако биде одобрено барањето на Мелони нејзиниот глас да биде регистриран заштитен знак, тоа нема автоматски да ги спречи имитациите на нејзиниот глас направени со помош на вештачката интелигенција, но е дополнително правно средство за борба против неовластеното користење на нејзиниот глас.