Мелони го нападна Берлускони поради пофалбите за Путин

Уште неформирана владата на десничарската коалиција во Италија може да се распадне


Џорџа Мелони

 

Фаворитот да стане нов лидер на Италија, Џорџа Мелони, упати силен прекор до нејзиниот сојузник во десничарската коалиција, Силвио Берлускони, откако тој даде приватни коментари со кои ја оправдува војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

Радикалниот про-Путин став на Берлускони ризикува да ги попречи шансите на Мелони да води нова десничарска администрација, како што италијанскиот претседател Серџо Матарела во четвртокот ги отвора консултациите со партиите за формирање нова влада.

„Италија, со крената глава, е дел од Европа и Атлантската алијанса“, рече Мелони во изјавата во средата навечер. „Кој не се согласува со овој камен-темелник не може да биде дел од владата, по цена да нема влада“.

Италијанските коментатори се прашуваат дали нејзиното силно предупредување значи дека владата што Мелони сакала да ја формира може да се распадне уште пред да биде официјална, или дали нејзината намера е да ја раздели партијата Форца Италија на Берлускони.

Италијанскиот весник „Пресе“ објави аудио снимка оваа недела на која може да се слушне како Берлускони им се фали на сопартијците за неговата размена на писма и подароци вотка и вино со Путин. Од „петте вистински пријатели на Путин, јас сум број еден“, се пофали тој, додавајќи дека рускиот лидер бил погрешно разбран и дека е „човек на мирот“.

„Пресе“ објави уште поексплозивни делови од снимката во средата, на која може да се слушне како Берлускони ја брани целта на Путин да ја отстрани владата на Володимир Зеленски во Киев и да ја замени со „пристојна, разумна“ администрација.

Пповторувајќи ги точките за разговор во Кремљ, Берлускони го нападна Зеленски, тврдејќи дека украинскиот претседател го разгорел пламенот на војната со тоа што извршил напади врз самопрогласените сепаратистички региони поддржани од Русија во Донбас.

Берлускони, исто така, го омаловажи западното. „Друг ризик, друга опасност за Западот е тоа што немаме лидери; Нема лидери на Запад, нема лидери во САД. Нема да ви кажам што знам, но немаме лидери“, рече тој, додавајќи: „Можам ли да ви кажам нешто? Јас сум единствениот лидер“.

Се очекуваше дека човекот број два во партијата на Берлускони, Антонио Тајани, да стане министер за надворешни работи, но сега таа перспектива е замаглена.

Тајани во средата се обиде да се огради од коментарите на Берлускони, твитнајќи дека „во секое институционално место, [Форца Италија] секогаш ја поддржувала слободата и ја осудувала руската инвазија“ – на секое место освен на состаноците зад затворени врати на неговата партија би било попрецизно.

Подоцна, Берлускони се обиде да се огради од тајно снимените коментари, инсистирајќи дека неговата позиција е иста како онаа на италијанската влада, ЕУ и НАТО: „Осуда на воениот удар против слободна и суверена земја“.

Во интервју за „Кориере дела сера“, тој додаде: „Со оглед на тешката меѓународна ситуација и важноста на одлуките што треба да се донесат за иднината на нашата земја, мислев дека можам да го посветам своето време на поважни работи наместо да ги поправам искривените и смешни толкувања на моите мисли. Можеби сето ова би можело да се избегне ако ги оставиме настрана некои ужасни навики, како што е тајното снимање делови од приватни разговори“. (Политико)