Мелинда Гејтс е во нова врска: Кој е Џон Ду Пре?


САД- Мелинда Гејтс е подготвена повторно да најде љубов по разводот со Бил Гејтс. Милијардрката и филантроп се забавува со Џон Ду Пре, поранешен репортер на Фокс њуз, а TMZ пишува дека тие се заедно во последните неколку месеци.

Двојката претходно беше забележана заедно во април, кога присуствуваа на натпреварот на Нетс и Селтикс, но сè уште не е јасно дали тие беа претставени преку пријател. И додека нивната врска останува приватна, се чини дека станува силна.

Откриено е и дека 58-годишниот филантроп и 63-годишниот автор престојувале заедно во Пеликан Хил, хотел со 5 ѕвезди во Њупорт Бич, Калифорнија, а придружувани од некои од нивните членови на семејството.
Ду Пре е татко на три деца од претходниот брак. Поранешниот репортер има два сина, Кејси и Џони, и ќерката Џеси со поранешната сопруга Џина.

Се чини дека Мелинда не се откажува од љубовта, додека Бил неодамна беше прашан дали се кае за одлуката да се ожени со неа. Милијардерот вели дека „не би избрал“ да се ожени со некој друг освен Мелинда ако може да го врати времето назад.
„Секој брак поминува низ транзиција додека децата ја напуштаат куќата. Мојата за жал, помина низ транзиција наречена развод по 27 години брак“, продолжи тој, „Но од моја гледна точка тоа беше одличен брак. Немаше да го сменам. Знаете, јас не би избрал да се оженам за некој друг“, призна тој.

Џенифер Гејтс во Њујорк, лани, пред свадбата

Милијардерот ко-основач на Мајкрософт лани со екс- сопругата во Њујорк  ја омажија најстарата ќерка Џенифер со избраникот Најел Насар. Тие имаат уште еден син Рори (23) и ќерка Феб (20).