Меланија Трамп во Гучи фустан со принт од британските знаменитости


Англија– Првата дама на САД, Меланија Трамп (48) , уште еднаш покажа многу стил одбирајќи соодветен фустан за посетата на Велика Британија.

Миди фустанот во кошула стил е од марката Гучи и изработен е од чиста свила и чини 3.500 евра. Најинтересниот детал на него е принтот кој ги претставува важните знаменитости на Велика Британија, како што се Тауер Бриџ, Парламентот и британските автобуси.

Меланија овој фустан го носи во комбинација со зелен ремен од змијска кожа и чевли на висока потпетица во nude нијанса.

Освен на прошетка, го облече и при слетување со авионот од Вашингтон во Лондон.

Првата дама на САД восхитува со изборот на гардероба на првата официјална посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија.

На дружбата со кралицата Елизабета облече бел комплет со тегет детали на „Долче и Габана“, на банкетот тоалета на „Диор“ , а за вечерата со принцот Чарлс и Камила-црвена „Живанши“ тоалета. На средбата со британската премиерка Тереза Меј, избра мантил на „Селин“.