Меланија Трамп со маска, претседателот Трамп не сака да носи


САД- Фотографија со Меланија Трамп под заштитна маска е од пораката со која го повикува американскиот народ да ги следи мерките за заштита од коронавирус препорачани од Центрите за контрола на болести и превенција.

„Препорачливо е да се носат маски на јавни места каде мерките за социјално дистанцирање може тешко да се применуваат, како самопослуги и аптеки. Запомнете, ова не ја заменува важноста на социјално дистанцирање.Тоа е уште едно препорачано упатство да нè чуваат сите безбедни “, изјави г-ѓа Трамп во видеото објавено на Твитер.

Првата дама повеќе пати споделува слични соопштенија на Твитер, каде има 13,7 милиони следбеници, но ова е првпат да се појави со медицинска маска.

Нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, изјави дека не планира да користи маска.

„Едноставно не сакам да ја носам, тоа е препорака“, им рече тој на новинарите минатиот петок. „Да седам во Овалната канцеларија и да носам маска додека ги поздравувам претседателите, диктаторите, кралевите, кралици, не знам, не се гледам така“.

Американскиот претседател престојуваше претежно во Белата куќа откако кризата со коронавирус ескалираше во САД, а Тајната служба ги проверуваше луѓето што беа во негова близина за да се уверат дека не се болни. Белата куќа на почетокот на овој месец објави дека секој кој ќе се сретне со  Трамп или потпретседателот Мајк Пенс ќе се тестира за Ковид-19.