Меланија Трамп и домашните обврски ги извршува од глава до петици средена


Белата куќа го прослави Светскиот ден на планетата Земја со работна акција, а она што го привлече вниманието на сите е стајлингот во кој се појави првата дама.  Меланија не се откажува од добар стил кога станува збор и за копање во градината, па затоа по повод оваа прилика одбра фустан и високи потпетици. Изгледа ниту градинарската работа не може да ја натера наместо високи потпетици да одбере ниски чевли, љубовта за добро комбинирана гардероба е посилна од сè.