Меланија Трамп елегантна во Јапонија: Од Херера до Фенди

Јапонија- Првата дама на САД, Меланија Трамп, од викендов, со својот сопруг Доналд Трамп е во официјална посета на Јапонија.

Овојпат Меланија имаше вистинска модна изложба.

За патот до земјата каде Сонцето заоѓа, Меланија избра лесен и лелеав фустан со „А“ крој, со симпатични летни мотиви и ремен кој ја истакна нејзината тенка половина. Фустанот е со потпис на Келвин Клајн, а високите потпетици се Кристијан Лобутин.

За посетата на Музејот на дигитални уметности, Меланија облече скроен темнозелен комбинезон со долги ракави, кој го искомбинира со црни лакувани салонки.

По музејот, Меланија и Доналд учествуваа на натпревар во сумо борење, за кој првата дама на САД избра розов фустан со асиметричен крој и шпиц салонки во иста боја.

Во царската палата Меланија го имаше едно од своите најдобри модни изданија. Бел фустан со кратки ракави и должина до под колената на Каролина Херера, со внимателни извезани цветни детали, искомбиниран со црвени салонки на висока потпетица.

На свечениот банкет, поради строгиот протокол, првата дама на САД се појави во нежен, долг фустан во боја на слонова коска, со нагласен крој кој паѓа се до подот. Свечениот фустан го красеа и светкави детали во облик на листови, поради кои Меланија се одлучи за салонки во металик сива боја.