Меланија ја отвори сафари сезоната: Класичниот фустан не излегува од мода
САД- Првата дама Меланија Трамп и во корона-криза воодушевува со својот стил на облекување. За Националниот ден на молитва во Белата куќа избра класичен летен фустан без ракави во сафари стил кој го искомбинира со високи потпетици од питон на Кристијан Лабутан.
Г-ѓа Трамп не се откажува од класичните салонки за формални пригоди: на Лубутан и моделот ББ на Маноло Бланик, именувани по иконата во француски стил Брижит Бардо. Нејзината колекција на фустани вклучува парчиња од Ралф Лорен и Гучи, како и нарачани дизајни од нејзиниот личен стилист Херве Пјер, поранешен креативен директор за Каролина Херера.