Мексико: Во масовна гробница пронајдени 29 тела во пластични ќеси


 

Мексиканските власти соопштија дека пронашле 29 тела спакувани во повеќе од стотина пластични ќеси во масовна гробница во државата Халиско каде царува насилство.

Ројтерс наведува дека стапката на убиства во Мексико скокна на највисоко ниво во првата половина од годината, а дека само последната година регистрирани се 29.111 убиства.

Според државниот обвинител истражителите избројале 13 целосни и 16 нецелосни тела чии остатоци се пронајдени во првата недела од септември.

Две од жртвите се жени, а најмалку четири лица имале криминални досиеја. Бројот на жртвите може и да порасне.

Нарко-картелите во Мексико често киднапираат и ги убиваат своите ривали, а многу од нив ги закопуваат во масовни гробници.