Мексико останува во календарот на Формула 1


Трката за Големата награда на Мексико ќе остане на календарот во Формула 1 шампионатот.

Градоначалникот на Мексико, Клаудија Шејнбаум, на својата страница на Твитер објави дека оваа недела ќе биде потпишан нов договор, објави Би-Би-Си.

Планирано е дека покрај „Големата награда на Мексико“, „Гран при на Холандија“ и „Гран при на Виетнам“ ќе се појават на календарот на следната сезона.

Ќе испадне „Гран-при на Германија“ .

Така, во 2020 година ќе има 22 трки во сезоната.