Мексико објави 30-дневна жалост за жртвите од Ковид-19


Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор прогласи 30-дневна жалост во земјата за жртвите од коронавирусот, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.

Мексиканската влада изрази најискрено сочувство до семејствата на жртвите и на оние кои се погодени од пандемијата и ги призна напорите на сите здравствени работници за да се спречи ширењето на вирусот, се вели во соопштението, пренесе Си Ен Ен.

За време на периодот на жалост, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а минута тишина ќе се одржува секој ден напладне.