Мексико е против интервенција на САД во борбата со наркотиците


Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор го отфрли американскиот интервенционализам.

Оваа одлука следуваше откако Доналд Трамп порача дека работи на тоа мексиканските наркокартели да се прогласат за терористички организации.

„Соработка да, интервенција не“, изјави Лопез Обрадор пред новинарите.

Претходно Трамп истакна дека САД „губат 100.000 луѓе годишно поради она што се случува и доаѓа од Мексико“, пренесува Ројтерс.

Лопез Обрадор изјави дека Мексико ќе се позанимава со тоа прашање по Денот на благодарноста во САД, како и дека побарал од својот министер за надворешни работи да ги води разговорите.

Ако одредена група е прогласена за терористичка организација, противзаконски е американските граѓани да им пружаат помош, а членовите на терористичката организација не можат да влезат во САД, туку ќе можат да бидат депортирани, порачуваат од Вашингтон.