Мексиканскиот сенат одобри легализација на канабисот, се чека Конгресот

Мексиканскиот Сенат одобри закон со кој се легализира канабисот, што отвора пат за создавање на најголемиот пазар на марихуана во светот доколку законот помине во Долниот дом на Парламентот, Конгресот.

Пратениците, кои го одобрија законот со 82 гласа „за“ и 18 „против“, сакаат законот да биде усвоен до крајот на актуелното заседавање на Конгресот, до средината на декември.

Доколку добие зелено светло, законот ќе дозволи употреба на канабис за рекреативни, научни и медицински цели во земја каде што над 100.000 луѓе починаа во насилство меѓу нарко-картели во последните неколку години.