„Мекдоналдс“ избрка директор поради врска со колешка


Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ го избрка од работа извршниот директор Стивен Истербрук поради интимна врска со работничка, што претставува кршење на политиките на компанијата.

Во мејлот пратен до вработените, Истербрук призна дека е во врска со една вработена и дека тоа било грешка.

Гигантот за брза храна „Мекдоналдс“ соопшти дека Истербрук лошо проценил и дека ја прекршил политиката на компанијата која им забранува на менаџерите да имаат романтични врски со вработените, пренесе АП.

Компанијата не соопшти повеќе детали за овој случај.