„Мекдоналдс“ го напушта и Казахстан


„Мекдоналдс“ има намера да го напушти Казахстан по нарушувањата предизвикани по нападите на Украина.

Причината е што оваа централноазиска држава остана без замена за руските залихи од месо, наведува „Блумберг“.

Најголемиот светски синџир за брза храна ќе се повлече од земјата со 20 милиони жители која граничи со Русија по само шест години работа таму. Руската инвазија на Украина минатата година, ги прекина глобалните синџири за снабдување и ја погоди оваа поранешна советска република.

Конкретно, како причина за наведената одлука биле прекините во снабдувањето со месо пд Русија во конткст на нејзината специјална воена операција, пренсе Геополитика.немс.

Додека казахстанските фирми не подлежат на санкции против Москва, „Мекдоналдс“ забрани локални франшизи да купуваат месо од руски добавувачи, велат извори за „Блумберг“.

Исто така, се наведува, дека казахстанските фирми не можеле да купуваат месо од домашни или европски добавувачи, затоа ѓто повисоките цени и трошоци на превозот на стоката по земјата ќе значеше работа со загуба.

Уште во ноември „Мекдоналдс“ ја сопре работата на своите ресторани, а најавуваше дека се обидува да го реши проблемот и да продолжи со работа што поскоро.

Сопственик на франшизата „Мекдоналдс“ во Казахстан е крупниот бизнисмен Каират Боранбаев, кој во 2021 година според „Форбс“, тежи 590 милиони долари и го зазеде 14 место на најборати луѓе на Казахстан. Кон крајот на декември 2022 година се појави пред судот во Астана поради малверзација во гасниот сектор.

Пред некој ден, „Мекдоналдс3 најави затворање и во Босна и Херцеговина.