Мејведер ќе го плати погребот на убиениот Афроамериканец


 

Еден од најдобрите боксери на 21 век Флојд Мејведер ја одушеви американската јавност со својот потег.

Непоразениот шампион во пет категории порача дека ќе го плати погребот на Афроамериканецот кого го уби полицаец во минеаполис.

Веќе неколку дена во САД владее хаос затоа што полицаец го загуши Џорџ Флојд така што десет минути му го притискаше вратот со коленото додека тој неподвижно лежеше на земја.

Полицаецот не се помести иако Флојд цело време велеше дека не може да дише.

Така, по кај знае кој пат во последните десетина години избија големи протести ширум САД кои ги предводат Афроамериканци бесни заради потценетиот статус во „најголемата демократија“ во светот.

Многу јавни личности, пред се спортисти, ги поддршаа протестите и застанаа на страната на убиениот Флојд и луѓето кои бараат правда за него.

Но, чекор понатаму отиде некогашниот американски боксер кој контактирал со семејството на убиениот.

Дури се понудил да ги плати трошоците на погребот и во иднина да помага на семејството.

Погребот е закажан за 9 јуни.