Мејн легализираше потпомогнато самоубиство

Американската држава Мејн легализираше медицински потпомогнато самоубиство и така стана осмата држава во САД во која е дозволено терминално болни луѓе да го прекинат животот со препишани лекови.

Гувернерката од редовите на демократите Џенет Милс, која претходно беше скептична кон законот, сепак го потпиша.

– Се надевам дека овој закон, кој го почитува правото на лична слобода, ќе биде користен умерено, рече Милс.

Првата држава која легализираше потпомогнато самоубиство беше је Орегон во 1997 година, а дури после десет години тоа  го направи дистриктот Вашингтон.

Потпомогнато самоубиство е легализирано и во Калифорнија, Колорадо, на Хаваи, во Вермонт и Њу Џерси.

Иако контроверзен, законот за потпомогнато самоубиство широко е прифатен во САД и оваа година најмалку 18 држави размислуваат да го усвојат.