Меј: Пораката од изборите е да продолжиме со Брегзит


Премиерката Тереза Меј денеска изјави дека вчерашните локални избори бил тешки за Конзервативната партија и дека резултатот покажа дека Велика Британија мора да продолжи со процесот излегување од Европска Унија.

Пораката од вчерашните избори е јасна и гласи „само продолжете со Брегзит, посочи Меј
Таа додаде дека ова е тешко време за нејзината Конзервативна партија.

Англиските граѓани вчера гласаа за повеќе од 8.000 места во административните тела одговорни за секојдневните одлуки за локалната политика.

Според нецелосни резултати граѓаните ги искористија локалните извори за да ја казнат владејачката Конзервативна партија, но и опозициската Лабуристичка партија поради застој во Брегзит.