Меј: И ветив на партијата дека ќе останам пратеник

Фото: euronews.com

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека планира да остане пратеник во Парламентот откако ќе ја напушти функцијата следниот месец.

Таа ја исклучи можноста да остане премиер по крајот на јули, кога треба да заврши процесот за нов лидер на владејачката Конзервативна партија, кој ќе ја наследи Меј и како лидер на Владата.

– И ветив на мојата партија што планирам да направам и ќе го одржам зборот, истакна британската премиерка.