Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска во 10 часот ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”, во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност.
Како што е најавено, на конференцијата воведно обраќање ќе има проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, проф. д-р Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност, проф. д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности, академиците Влада Урошевиќ и Абдулменаф Беџети од МАНУ и проф. д-р Скендер Асани од Институт за духовно и културно наследство на Албанците.